Почитта кон празникот Богојавление – Водици во охридскиот крај е голема. Речиси да нема населено место и маало каде не се одбележува овој голем православен христијалнски празник. И годинава Водици свечено ќе бидат одбележани во манастирскиот комлекс „Св. Наум“ каде од година во година расте бројот на посетители за празникот.
Одбележувањето на Водици во Св. Наум годинава ќе има двојна програма, духовна и културно – забавна. На празникот, во манастирската црква на 19-ти јануари утрото, во 7:15 часот, ќе биде отслужена богослужба. Литијата од црквата кон пристаништето Св. Наум ќе се упати во 10 часот, а чесниот крст во водите на Охридското Езеро ќе го положи игуменот на манастирот Нектариј во 10:30 часот.
Од 12 часот во ресторан „Острово“ организарана е забавна програма во рамки на која ќе настапи Игор Димовски со познатиот проект „Пауза за ракија“.
Г.М.
Фото: Ѓ. Пирузе, Рест. Острово