Прекрасниот Св. Наум, Љубаништа и Националниот Парк Галичица се дел од новото промотивно туристичко видео за Апартманите “Ристески”, Манастирот Св. Наум, Ресторан “Острово” и Охридски Бисер “Ристески”.
Три минутната приказна ги доловува убавините на овие магични места на езерското крајбрежје, особено околината на манастирот Св. Наум и целосната понудата.
Во видеото е прикажана традиционалната изработка на бисерите “Ристески” се до подводните извори на Црни Дрим кои се мајка на Охридското езеро и богатата национална кујна на ресторанот Острово.
Видеото го изработи Стојан Стојановски – 2С студио.
OhridNews