На денешен ден се празнува споменот на Св. Наум Охридски. Св Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.
Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охрдското езеро кој сам го изградил. Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луге претежно душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од неговите чуда се претставени и на фреските од неговиот манастир како таа на која е претставен Св. Наум кој ги впрегнал заедно волот и мечката да ораат. Св. Наум се упокоил во 910 година. Неговиот гроб се наога во внатрешноста на манастирот. Се верува дека поклонувањето на неговиот гроб и ден денес донесува здравје, душевен мир и спокој. Празнувањето на споменот на Св. Наум секогаш е во Божикните пости а овој ден се смета за строг пост.