На денешен ден се празнува споменот на Св. Наум Охридски(летен Св. Наум).
Св Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.
Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охрдското езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луге претежно душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од неговите чуда се претставени и на фреските од неговиот манастир како таа на која е претставен Св. Наум кој ги впрегнал заедно волот и мечката да ораат.Св.
Наум се упокоил во 910 година. Неговиот гроб се наога во внатрешноста на манастирот. Се верува дека поклонувањето на неговиот гроб и ден денес донесува здравје, душевен мир и спокој.
По повод празникот посветен на Свети Наум Охридки-Чудотворец во истоимениот манастир на брегот на Охридското Езеро денеска ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со митрополитите Тимотеј и Наум, и со повеќемина свештенослужители.
Во селото Лескоец пак, по повод големиот христијански празник, синоќа во употреба беше пуштен нов асфалтен пат.
Јасминка Т. Момироска