Во прекрасниот  раскошен “Емералд Ресепшн” воТомастон, минатата сабота пред околу 400 гости, охриѓани и нивни пријатели, се одржа традиционалниот Охридски бал 2011, кој е еден од најдобро организираните балови во македонската заедница во Австралија. Со оваа свеченост и годинава традиционално беше одбележан големиот православен празник Свети Наум Чудотворец во организација на истоименото охридско социјално друштво.


На свеченоста пригоден говор одржа преседателот на друштвото Васко Ангеловски кој истакна дека големиот празник ги навраќа спомените и сеќавањата на родниот крај и семејните корени и ги зближува Македонците.


На одбележувањето на празникот присуствуваше почесниот конзул во Мелбоурн како и преставници на македонските мидиуми, на културно уметничкото друштво „Јане Сандански“ и преставници на управата на првата македонска црква надвор од нашата држава „Св Ѓорги и пресвета Богородица“. На свеченоста беше прочитана поздравна честитка од градоначалникот на Охрид  Александар Петрески, како и пригодно обраќање на новинарката Нина Кепеска, а свое обраќање имаше и почесниот конзул Гоце Пејоски.

 

Забавата беше збогатена со настап на познатиот охридски естраден уметник Петар Нечовски, како и групата „Амадеус“, а беа прикажани и промотивни видео спотови за Охрид.  Кум  на манифестацијата беше Иљо Ристески,  а догодина неговото место ќе го заземе Рубин Димитриески.

Лидија Ангеловака
фото: Наум Наумовски