Светата православна Црква на денешен ден го празнува споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж.

Римјанките,трите
сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија живееле во времето на
императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Во
тоа време биле вршени големи прогони на христијаните, и тогаш биле
приведени и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж.

Заради
одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Љубов,
Вера и Надеж биле ставени на маки пред очите на нивната мајка и
најпосле им биле отсечени главите. Мајката Софија ги зела и ги закопала
телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви
над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога.

Јасминка Т. Момироска