Римјанките,трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија живееле во времето на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Во тоа време биле вршени големи прогони на христијаните, и тогаш биле приведени и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж.
Заради одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Љубов, Вера и Надеж биле ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им биле отсечени главите. Мајката Софија ги зела и ги закопала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога.
По повод празникот, во месноста Лагадин кај малата црквичка посветена на светите маченички што пред десет години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче, денеска по десетти пат ќе се одржи црковно народен собир.
Богослужбата по повод овој православен христијански празник ќе почне во 14.30 часот.