На денешен ден православните верници го празнуваат празникот посветен на Св. Григориј Богослов.
Роден е во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред да се крсти
учел во Атина заедно со Св. Василиј Велики и со Јулијан Отстапник. Врз Григориј особено влијаела
неговата мајка Нона. Кога го завршил школувањето го примил Светото
Крштение. Свети Василиј го ракоположил за епископ Сасимски, а царот
Теодосиј Велики наскоро го повикал на испразнетиот престол на
Цариградскиот архиепископ. Составил многубројни дела од кои најславни му
се теолошките, поради што е и наречен Богослов.
Умрел на 7 февруари 389 година и на овој ден светата црква го празнува неговиот ден. Денес главата му се наоѓа во Москва, а другиот дел од телото во Рим.