На денешен ден се празнува споменот на Св. Гаврил Лесновски. Тој живеел кон крајот на 11 и почетокот на 12 век. Потекнувал од Осечко поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Родителите сакале детето да им биде образовано поради што кога пораснало го дале да се школува. Во неговото житие се вели дека “и откако помина малку време, ги изучи сите книги, и не еден јазик-туку повеќе, а Евангелието не го испушташе од рацете ни еден час”.
Кога пораснал родителите сакале да го оженат, му нашле девојка “од добар и царски род”,но тој повеќе сакал да му се посвети на Бога. Се случило токму на свадбата починала невестата, а Гаврил побарал одобрение од родителите да го напушти родниот дом. И откако тоа се случило на сон му се јавил ангелот Господов и му рекол да оди во Осечко поле и да изгради црква посветена на пресвета Богородица. Гаврил се вратил кај родителите, им го раскажал сонот, а тие му дале богатство по што тој ја изградил црквата и ја живописал.
Потоа пак се вратил во Лесновскиот манастир од каде што со согласност на игуменот отишол во една шума во близината на Злетово и тука времето го минувал во пост и молитви. Тука многу луѓе “кои доаѓаа кај светит се излекуваа од разните болести, а многу се спасија и од бесовите.” Оттука Гаврил заминал во некоја далечна и тешко достапна планина и се сместил во некоја пештера во местото наречено Облов Врв,тука минал 30 години и тука починал. Никој не знаел каде починал поради што мислеле дека се преселил на друго место.
По извесно време му се јавил светецот на сон на некој Русин по име Јосиф кој живеел во градот Средец и му заповедал да појде на местото наречено Облов Врв да ги земе моштите и да ги пренесе во Лесновскиот манастир. Така според житието моштите на Свети Гаврил стигнале во Лесновскиот манастир за подоцна пред налетот на исламот да бидат пренесени во Трапезец кај „Светите Апостоли“.
Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св Атанасиј Велики На 31 јануари се празнува празникот Св Атанасиј или Танасовден зимен, а на 15 мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен Св Атанаси...
Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобен Антониј Велики Тој бил Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја По смртта на неговите благородни и богати ...
Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7) Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.