Кога пораснал родителите сакале да го оженат, му нашле девојка “од добар и царски род”,но тој повеќе сакал да му се посвети на Бога. Се случило токму на свадбата починала невестата, а Гаврил побарал одобрение од родителите да го напушти родниот дом. И откако тоа се случило на сон му се јавил ангелот Господов и му рекол да оди во Осечко поле и да изгради црква посветена на пресвета Богородица. Гаврил се вратил кај родителите, им го раскажал сонот, а тие му дале богатство по што тој ја изградил црквата и ја живописал.
Потоа пак се вратил во Лесновскиот манастир од каде што со согласност на игуменот отишол во една шума во близината на Злетово и тука времето го минувал во пост и молитви. Тука многу луѓе “кои доаѓаа кај светит се излекуваа од разните болести, а многу се спасија и од бесовите.”
Оттука Гаврил заминал во некоја далечна и тешко достапна планина и се сместил во некоја пештера во местото наречено Облов Врв,тука минал 30 години и тука починал. Никој не знаел каде починал поради што мислеле дека се преселил на друго место.
По извесно време му се јавил светецот на сон на некој Русин по име Јосиф кој живеел во градот Средец и му заповедал да појде на местото наречено Облов Врв да ги земе моштите и да ги пренесе во Лесновскиот манастир. Така според житието моштите на Свети Гаврил стигнале во Лесновскиот манастир за подоцна пред налетот на исламот да бидат пренесени во Трапезец кај “Светите Апостоли.”