Култот кон Св. Еразмо е особено голем во Охрид. Традиционално за празникот на светителот охриѓани масовно ја посетуваат малата пештерска црква во близина на градот.

Уште од синоќа верниците во долги колони чекаат да влезат во храмот, каде палат свеќи и се молат за здравје.

Св. Ерзамо Охридски бил од Бога даруван со чудотворна моќ. Роден е во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелието па така стигнал и во Охрид.

Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан кој му наредил на бакарниот кип на Зевс да му се поклони и да му принесе жртва. Но Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот.

По овој настан Св. Еразмо крстил 20 000 луѓе но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот како што многу порано го ослободил и Св. Петар.

Пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот.

Г.М.