При спроведени заеднички и одделни акциски контроли, во текот на минатата 2022 и првите девет месеци од 2023 година, полициските службеници при СВР Охрид, откриле 35 сторители на кривични дела „нелегална сеча на дрва“, пустошење шуми“ и „кражба на дрва“.
Од нив 25 се во 2022 година, додека до септември 2023 останатите десет. Вкупно е откриено 235,4 м3 нелегално пресечено дабово и буково огревно дрво, во 2022 година 41,3 м3, додека во 2023 до септември 194,1 м3, за што. Поднесени се вкупно 15 соодветни пријави, осум минатата година и 7 годинава. Сторителите, најчесто се државјани на РСМ и Република Албанија од кои, еден поголем дел, имаат нерегулиран престој во РСМ, информираат од СВР Охрид.
Велат во континуитет, одделно но и во соработка со Регионалниот Центар за Гранични работи-Запад (РЦ за ГР Запад), Шумска полиција и ЈП Национални Шуми, преземаат мерки со цел сузбивање на нелегалната сеча на огревни дрва на целото подрачје што го покрива и фаќање на лица сторители на овие кривични дела.
Овој вид на криминал најчесто се врши во шумските појаси на планините Караорман, Петринска планина, Галичица поточно во атарот на селата Црвена вода, Скребатно, Ливоишта, Лескоец, Велгошти, Љубаништа, Јабланица, Вишни, Лабуништа, Мали Влај, Франгово, Радолишта, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews