Актерката Сузан Сарандон била видена како купува прстени со своето момче, Џонатан Бриклин. Како што пренеле британските медиуми, парот наскоро би можел да заплови во брачните води, иако меѓу нив владее разлика од дури 30 години.
Заедно држат ноќен клуб, а судејќи според се, тие се и нешто повеќе од бизнис партнери. Парот бил виден во Амстердам како купуваат прстени, што ги започнало гласините за свадбата. Портпаролката на актерката не ги негирала наводите, но изјавила дека Сузан е толку зафатена што нема време ниту да се венча ниту да оди во шопинг.