На почетокот на кариерата Сузан Сарандон тешко се пробивала во Холивуд. Како би успеала, секој ден одела на аудиции. Актерката открила дека продуцентите ја искористувале кога имала 20 години. Во интервју рекла дека била непозната и во потрага за работа. Се однесувале кон неа како кон ѓубре и биле одвратни и лигави.
Таа раскажала и за една немила епизода од младоста кога била сексуално нападната во канцеларијата на еден продуцент. Човекот скокнал врз неа штом влегла во канцеларијата, ја легнал на масата и и ја соблекол облеката. Рекла дека се чувствувала немоќно и не знаела што да направи.