Пејачката Сузан Бојл конечно нашла момче, и тоа во САД. Станува збор за лекар од Конектикат кој го запознала за време на неодамна одржаната турнеја низ Северна Америка, а кој има намера да ја посети во Шкотска. Никол Филипс, претставничката не пејачката потврдила дека планот е таков.
Сузан светска слава стекнала во 2009 година со победата на музичкото натпреварување „Британија има талент“ со песната “I Dreamed a Dream”. Во тоа време изјавила дека во животот не се бакнала со ниту едно момче. Филипс навела дека Бојл и нејзиното момче се запознале во хотелот Клирвотер на Флорида. Додала дека Сузан е навистина среќна што конечно запознала некој.