Откако станала музичка сензација, Сузан Бојл би можела да стане и филмска ѕвезда. Имено, шкотската пејачка, која се прославила во 2009 година со учеството во телевизиското шоу „Јас имам талент“, ќе дебитира во филмот „Божиќна свеќа“. Станува збор за божиќна приказна чие дејство е сместено во Англиско село на крајот од 19 век.
Засега не е познато каква улога ќе има Сузан Бојл, која изјавила дека ужива на снимањето и дека сите во екипата биле прекрасни. Нејзини партнери во филмот се Лесли Менвил, Џон Хана и Сузан Баркс, која се појавува и во мјузиклот „Јадници“ на Том Хупер. Филмот „Божиќна свеќа“ во кината би требало да стигне кон крајот на годинава.