Поп ѕвездата Сузан Бојл се пријавила за работно место во една обложувалница во Блекбурн. Сопственикот на локалот почнал да се смее кога меѓу пријавените ја видел пејачката, која „мртва сериозна“ дошла да конкурира за работата, бидејќи, како што вели, „дома и е премногу здодевно“.

Сопственикот на обложувалницата рекол дека помислил како Сузан се шегува, но набрзо сватил дека е сериозна во својата одлука. Додал дека таа е сега на листата со останатите конкуренти и ја чека неговата одлука. Бојл издала пет албуми, а за дебитантскиот „I Dremed A Dream“ заработила пет милиони долари и две Греми номинации.