Сувенири со мотиви од Охрид и традиоционални охридски обележја се продаваат во холот на спортската сала. Слабата посетеност на натпреварите од првата фаза, пред се` од странски посетители влијае во голема мера на продажбата на истите.
Никола Томески кој е еден од ретките кој се обиде да го промовира Охрид во ова период вели дека не може да биде задоволен од досегашната заработувачка.
– Доста слабо оди продажбата на сувенирите. Ние очекувавме многу повеќе посетители од надвор кои нормално повеќе би се интересирале за овие сувенири.Салата е полупразна,а и тие гледачи се од Охрид, странски гости речи си и да нема. Слабиот маркетинг, но и географската далечина на земјите кои играат во Охрид ги гледам како главни причини за слабата посета.
И тој , како и охридските угостители се надева дека работата ќе “крене“ кога во Охрид ќе се играат натпреварите од главната рунда. По ваквиот развој на настаните Томески би бил задовлен кога би ги покрил трошоците за закупот на штандот.