За ФК Охрид ова е втора ваква суспензија на теренот по онаа во десеттото коло кога поради физичкиот напад над главниот судија Димоски Жарко на натпреварот помеѓу Охрид и Вардар Декамел на стадионот „Билјанини извори “охридскиот второлигаш две средби играше без публика на свој терен, додека комесарот на клубот Диме Буџаковски и тренерот на голманите Благоја Буџаковски, беа казнети со пауза во времетреање од 12 месеци.
Покрај стадионот во Охрид комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски го суспендира теренот на ФК “Ренова” – Тетово поради физички напад на судиската четворка по завршувањето на натпреварот со ФК Вардар .