Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија ги суспендираше и поведе дисциплински постапки против Илир Бектеши преставник на ФК Влазними и голманот на стружани Астрит Мерко.


Бектеши Илир бил исклучен и отстранет од терен на натпреварот со Ф.К.Беласица од Струмица одигран-прекинат на ден 24.10.2010 година во Струга. Голманот Мерко Астрит е пријавен од страна на судиската четворка поради физички напад врз главниот судија по завршување на првото полувреме на натпреварот со Ф.К.Беласица од Струмица.

Потвредена е Одлуката на Комесарот за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на теренот на Ф.К.Влазними-Струга поради тежок физички напад на главниот судија судија (Симеон Стефков) и влегување на неслужбени лица во терен по завршување на првото полувреме од натпреварот со Ф.К.Беласица .


Исто така се задолжува Ф.К.”Влазними” Струга да пријави фудбалски терен одалечен 100 километри од Струга, а кој терен е примен од Комесарот за натпревари на ФФМ, за одигрување на натпревари во Прва и Втора МФЛ во натпреварувачката 2010/2011 година.

“извор ФФМ”
OhridNews