Пилоти на американската компанија Саутвест ерлајнс кои слетале на погрешен аеродром се суспендирани додека трае истрагата околу тој случај. Боинг на компанијата со 124 патници и пет членови на екипажот требало вчера да слета на аеродромот Бренсон во американската држава Мисури.
Наместо тоа слетал на мал аеродром во округот Тана, оддалечен 11 километри, кој има двојно пократка писта. Никој не бил повреден, но патниците рекле дека авионот сопирал при слетувањето и дека сопрел на самиот крај од пистата. Ова е втор пат во последниве два месеци некој голем авион да слета на погрешен американски аеродром.