Големиот прилив на азиланти од западен Балкан по визната либерализација, ги наведе Франција и Холандија како и  други земји на ЕУ, сериозно да размислат за прекинување на визната либерализација.

На следната седница на советот на министри за внатрешни работи која е закажана за в четврток во Брисел, на предлог на Франција и Холандија,  забрзувањето на механизмот за прекин  на визната либерализација ќе биде една од главните  теми.
Овие информации за весникот ги потврди портпаролот на француското министерство за надворешни работи Бернар Валеро, додавајќи дека ќе се разговара и за многу други теми врзани за емиграцијата.

Министрите на ЕУ ќе ги разгледуваат предлозите на Франција и Холандија за воведување на специфична клаузула, која би овозможила суспендирање на режимот на визна либерализација на некоја од земјите под итна постапка доколку за тоа се укаже потреба.

OhridNews
извор: Мakfaks