Ученик во едно училиште во Ливерпул, во кое е забрането внесување на калорични пијалоци и храна бил суспендиран затоа што дилал чипс. Ова било втор пат како бил фатен да продава чипс во училиштето, и тоа по мошне повисока цена од онаа во продавниците. Неговиот татко изјавил дека тоа го правел поради неговиот претприемачки дух, кој му носел заработка од околу 15 фунти на ден.


Приказната е уште поинтересна ако се знае дека своевремено бил уловен и неговиот татко, но за препродажба на пици и тоа пред училиштето. Еден од наставниците изјавил дека имаат здраво училиште и се горди на тоа. Додал и дека доколку родителите не се задоволни можат своите деца да ги испратат во училиште каде пијалаците и чипсот се дозволени.