Дисциплинската комисија при ФФМ ја потврди одлуката на комесарот за натпреварување на ФФМ за суспензија на теренот на ФК Кораб од Дебар.
Во одлуката стои : – Се ПОТВРДУВА одлуката на комесарот за натпреварување на ФФМ број 03-250 од 25.04.2012 година за СУСПЕНЗИЈА на теренот на Ф.К Кораб од Дебар поради обид за физички напад врз судиската четворка и напад врз тројца фудбалери на Ф.К Дрита од 24 коло од страна на неслужбени лица а по завршување на натпреварот и поради закани врз гостинската екипа пред почетокот на натпреварот. Ф.К Кораб од Дебар е задолжен да го извести органот за натпреварување каде ќе ги одигра првенствените натпревари како домаќин, и тоа на одалеченост од 100 км од Дебар на терени примени за натпреварување во Прва и Втора МФЛ.
ФФМ поведе дисциплинска постапка против Кораб
Охриѓани незадоволни од пречекот во Дебар
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com