По нападот врз главниот судија Димески Жарко по завршувањето на натпреварот против Вардар (Н) комесарот за натпревари при ФФМ донесе одлука против ФК Охрид за суспензија на теренот на Билјанини извори. Суспензијата ќе тече се до донесување на одлука од страна на дисциплинската комисија.


по нападот врз судијата суспендиран теренот во Охрид

Покрај суспензијата на теренот се поведуваат и дисциплинска постапка против Благојче Буџаковски , тренер на голмани на ФК Охрид како и против Диме Буџаковски , комесар за безбедност на ФК Охрид поради физички напад врз главниот судија по завршување на средбата.

Во рок од три дена именуваните треба да достават писмени изјави по што ќе им биде одредена должината на суспензијата .

[email protected]
фото: Васко Бујароски