Осмата рунда од домашниот шампионат ја носи градската дерби пресметка меѓу Ренова и Шкеднија. Но овогодинешната пресметка ќе биде посебна за Ќатип Османи, актуелниот стратег на Ренова кој на тимот на Шкендија му ја донесе единствата титула во клупската историја.
– Суров, токму таков нашиот тренерски живот, денес си тука утре си на другата страна. Ќе има голем наплив на емоции но јас сум професионалец и ќе направам се мојот тим да победи – вели за ohridnews, Османи.
На куп мечот со 11 Октомври кој “црвено-црните“ го добија со 5-0, Османи одмараше поголем дел од своите првотимци.
– Пласманот го имавме осигурано по првиот меч, па не сакав да ризикувам со некоја повреда. Одигравме колку што беше доволно, и максимлано подготовени но и мотивирани влегуваме во мечот со Шкендија – потенцираше Османи.
Мечот Ренова – Шкендија кој е единствен од денешната понуда ќе го води Јакимоски Дејан од Скопје. Останите мечеви се играат во недела.
Двојки :
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com