Близнаците на главната актерка на “Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг, актерот Метју Бродерик, ги родила во понеделникот вечерта сурогат мајка.

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик, кои веќе го имаат шестгодишниот син, биле во локалната болница во моментот на раѓањето на своите ќерки.


Портпаролот на парот го потврдил раѓањето на двете бебиња. “Бебињата се одлично и целото семејство е пресреќно“, пишува во соопштението.

Американската актерка на јавноста и соопштила дека ќе стане мајка на близнаци со помош на сурогат мајка пред два месеци.