Малата Сури Круз се нашла во првите десет најдобро облечени личности според изборот на списанието “InStyle”, со што ги фрлила во сенка сите подобро пласирани дами. Иако актерката Ема Стоун била прогласена за најдобро облечена личност во 2012, најголемо внимание привлекло именувањето на ќерката на Том Круз и Кејти Холмс меѓу првите десет личности со најдобар стил.
Листата на списанието “InStyle” била составена од модните уредници на списанието, а покрај првопласираната Ема Стоун на врвот биле и британската принцеза Кејт Мидлтон, Кристен Стјуарт и Шерил Кол.