Актерката Кејти Холмс и нејзината ќерка Сури Круз биле снимени од фотографите додека купувале козметика во Торонто. Сопругата на актерот Том Круз рекла дека ќерката и помага при изборот на шминката. Таа додала дека Сури знае да одбере квалитетна стока.


Кејти месечно троши по околу 20 илјади евра на облека за својата ќерка. Тригодишната Сури сама си одбира фустанчиња. Кејти сака таа да биде најмодерно дете во Холивуд па уште од сега и купува брошеви од рубини. Суро носи и чевли со висока потпетица.