Сури Круз, ќерката на популарниот холивудски пар Том Круз и Кејти Холмс, има колекција на дизајнирани чевли во вредност од 100 илјади фунти. Петгодишната Сури во својата колекција обувки има и неколку модели со висока потпетица, а наводно веќе има и свој омилен дизајнер.
Извор близок на семејството изјавил дкеа омилен бренд и се чевлите на Марк Џејкобс. Колку е здраво за петгодишно девојче да оди на чевли со високи потпетици ќе покаже времето. Сепак, нејзините родители се обидуваат да ја исполнат секоја желба на својата ќеркичка.