Сончевото попладне на Беверли Хилс и добро уредениот двор биле прекрасен декор за прославата на роденденот на малата Сури, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Единствено нешто што сметало било тоа што гостите морале да се довикуваат бидејќи не можеле да се разберат од звукот на хеликоптерот во кој биле папарацо фотографите.
Малата Сури инаку не е мамина и татина размазена принцеза, бидејќи по доктрината на Сиентолошката црква, на која припаѓаат Кејти и Том, тие кон неа се однесуваат како да е возрасна личност, и и дозволуваат самата да одлучува што ќе облече, како ќе се нашминка и што ќе јаде.