Професионалниот сурфер Џејми Обрајан покренал низа котраверзии откако објавил фотографија на која јава желка, сакајќи да укаже на нивното изумирање, но здруженијата за заштита на животните сакаат да до обвинат за злоставување на животни. Иако сакал да ја осветли темата за смртната болест која ги погаѓа веќе загрозените морски желки, намерата на сурферот Џејми би можела да го доведе до тужба, која ќе го чини повеќе од 13 илјади долари.
Од националното здружение за заштита на животните во Хонолулу изјавиле дека тој бил ставен под законска истрага. Во културите на Хаваите желките се сметаат за свети животни, и за нив постојат многу митови и легенди како онаа дека желките се тие кои ги довеле луѓето на островот.