Австралијанец сурфал на даска која ја влечел змеј. Така тој изведувал разни акробации, поставил и камера на змејот како би се фалел на пријателите. Во еден момент под него се појавил кит кој со еден удар со опашката го турнал во водата. Тоа не може да се види на камерата бидејќи била подесена да слика на 10 секунди. Но снимката на грдосијата која плива под него ќе го потсетува на нивната блиска средба.


„Се се случи многу брзо. Не можев да направам ништо. Само се наведнав и почувствував удар. За среќа китот отплива понатаму. Нозете ми се тресеа со часови“ – вели Давид Шхерин.

Експертите по фотографијата го препознале видот на китот. Му припаѓа на фамилијата „Еубален“. Можат да пораснат до 18 метри и да тежат преку 100 тони.