Неуморен сурфер на австралискиот брег овие денови со својата даска опасно се приближил до морските кучиња. Го фотографирала морската стража која редовно ги надгледува австралиските плажи.


„Тој е луд човек кој себеси се доведе во опасност, но имаше среќа штом ги избегна каснувањата од страна на морските кучиња. Правилата се едноставни и секој сурфер ги познава: Не влегувајте во  море кога ќе видите јато риби зашто наскоро на тоа место ќе се појават морски кучиња“, рекол еден од спасителите.

На пливачите на плажата на која е фотографиран сурферот им било наредено  да излезат од водата бидејќи во близината е забележано движење на морските кучиња.