Голема бела ајкула долга 3,6 метри била фотографирана во близина на брегот на Сан Диего, на само неколку метри од сурферите кои не ја забележале. Многу луѓе од Сан Диего викендот го искористиле за посета на плажата, но откако биле објавени фотографиите од големата бела ајкула која се приближил да до сурферите, следниот пат повеќе ќе размислат.
Гери Елиот, случаен минувач, ја фотографирал ајкулата, но спасувачите на плажата го увериле дека погрешно видел. Елиот изјавил дека на фотографиите јасно се гледало дека не станува збор за сурфер, а истото го потврдиле и од комитетот за истражување на ајкули. Според проценките на експертите, ајкулата била долга 3 до 3,6 метри.