Интернет користат 44% од граѓаните на Македонија покажале испитувањата на статистичкиот веб сајт „ Internet world stat“.

Истражувањата покажале дека од 2006 до 2008 година бројот на интернет корисници во Македонија се зголемил 125%, односно од 400 000 на 900 000.

Пред Македонија во регионот се Словенија со 64,8 отсто, Грција со 46 и Хрватска со 44,2 проценти.

Според Internet world stat, на крајот на 2008 година, глобалната он-лајн мрежа ја користеле 1,6 милијарди луѓе или 23,8 отсто од населението во светот. Во Европа интернет користи 48,5 процентио од населението.

Ohridnews