Во Музеј куќата на Роберевци, во организација на НУ Завод и Музеј Охрид, вечерва, беше отворена изложба на дела и инсталации „Мапирање на душата“, од ликовниот уметник од Белград, инаку родена охриѓанка, Марина Коцарева Ранисављев.

Марина Коцарева Ранисављев со својата нова изложба, и всушност со целокупното свое творештво ги апострофира и преиспитува феномените на постоечкото, на просторот и времето, како во физчка, визуелна, така и во симболична категорија, просторот, визија, визуелизацијата длабоко вкоренета во нашата свест. – вели  критиката за изложбата „Мапирање на душата“.

Тука се изложени дела кои пленат со мотивите, истакна на отворањето на  изложбата ликовниот критичар Љупчо Жупан од уметничката галетија „Букефал“.

Се работи за исклучителна изложба која би било добро да се постави и во другу простори. Инсталациите и видео инсталациите се од таков калибар што заслужуваат да се направи постојана музејска поставка од тие дела. – рече Жупан.

Оваа изложба е трето самостојно претставување на Марина Коцарева Ранисављев во родниот Охрид. Првата нејзина изложба во Охрид беше пред 26 години, а втората минатата година во Музејот „Резонанца“ на охридскиот уметник Драган Спасески Охридски.

Изложени се дела работени на различни подлоги, инспирирани од убавината на женското тело, архитектурата и текстурата. На оваа изложба се поврзани неколку концепти и дела полни со симболика. – вели уметникот Марина Коцарева Ранисављев која живее и работи во Белград, Република Србија,.

Изложбата на Марина Коцарева Ранисављев во Музејот „Робевци“ ќе биде отворена до 20 август.

Фото галерија:

Г.М.
Фото: А. Момироска