Кошаркарот на Оклахома, Хамид Диало победи во забивањата кои се одржаа на Ол стар викендот во Шарлот. Диало прво заби по асистенција на Расел Весбрук, а потоа во стилот на супермен го прескокна Шекил О`нил и го стави лакотот во мрежичката од кошот.

Во шутирањето тројки најдобар беше Џо Херис, кој во финалната серија го совлада Стеф Кари. Кошаркарот на Бостон, Џејсон Тајтум најдобро се снајде во вештините и триумфираше.

Ол стар викендот во Шарлот финишира со натпреварот помеѓу најголемите ѕвезди. Дуелот е недела кон понеделник во 2 часот наутро.

OhridNews