Во рамки на 6то коло од ракометната Супер лига, вечерва, во спортската сала „Билјанини извори“ ГРК Охрид го пречекува Еурофарм Пелистер.

Тоа ќе биде натпревар на вториот и третиот на табелата во најсилното домашно натпреварување. Охрид има 12 бода, колку што имаат и двата битолски тима Еурофам Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, а рамо до рамо со нив е и Пролет.

Средбата ГРК – Охрид – Еурофарм Пелистер почнува во 19 часот.

Во останатите средби денеска уште се среќаваат: Струга – Пролет (16ч.) и Вардар – Металург (18ч.), додека утре играат: Радовиш – Бутел, Скопје – Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш каде старо нов тренер од неодамна е охриѓанецот Горан Андоноски се среќава со Прилеп.

Г. Момироски