Натпреварот на Охрид и Пелистер в петок (19ч) во рамките од Супер лигата ќе биде пренесуван директно на собранискиот канал од Македонската радио и телевизија (МТВ).


Ракометната федерација на Македонија во соработка со МТВ од пролетната полусезона пренесуваат по еден натпревар од редовното коло.

Прв натпревар кој директно беше пренесуван на МТВ беше дерби средбата меѓу Радовиш и Прилеп, кој заврши во корист на домаќините.

Натпреварот во „Билјанини Извори“ е од големо значење за гостинските ракометари кои се борат за пласман во плејофот додека охридските ќе играат за престиж и за публиката.

Четири години охридската телевизија (ТВМ) преку снимка ги емитува натпреварите на Р.К. Охрид кои ги игра пред своите гледачи.

Мх.П.