Ракометарите на Охрид 2011 со победа ги започнаа натпреварите во Суперлигата, откако вечерва пред своите навивачи ја совладаа Преспа со 31:24, полувреме 14:08.
Домашните фуриозно го започнаа натпреварот и поведоа со 7:1. Преспа возврати со два гола во низа, но до крајот на првиот дел Охрид успеа да ја задржи почетната предност.
И второто полувреме домаќините го отворија со серија, овојпат од 3:0. Во еден момент „белите“ стигнаа и до +10, но по малото опуштање во финишот, Преспа успеа да го ублажи поразот.
Средбата се одигра во извонреден амбиент пред околу 2000 гледачи.
OhridNews