Oд понеделник, 19 април во 20:00, па и во наредните седум дена ексклузивно и премиерно ќе имате можност да го погледнете новиот спот на македонскиот бенд, Суперхикс, за песната „Graffity Boy“.

Суперхикс се ска-панк бенд со примеси на реге, латино и балканска етно музика. Во раните 90-ти години, бендот беше основан од три средношколски пријатели, Петар Младеновски, Борис Минов и Зоран Жежов. Почетоците се врзани со креирање музика која е своевидна мешавина од ска, панк и хардкор.

Денес, во Суперхикс членуваат: три члена дувачка секција и перкусионистот Гоце Нумов – Индијанец.


Суперхикс, во нивната долга и успешна кариеа до сега ја делеле сцената со познати светски артисти, како: Manu Chao and Radio Bemba, Fun Lovin Criminals, Fishbone, Tito and Tarantula, Henry Rollins, H-Block, Rico Rodriguez и многу други.

Три пати ја освојувале наградата на најдобар македонски бенд и тоа во 2001, 2002 и 2004 година, а концертот одржан во Скопје, во 2004 година беше прогласен за најдобар македонски концерт,

Песната „Graffity Boy“ е дел од нивниот актуелен, трет по ред студиски албум, „И сега….што?“, кој беше издаден во 2008 година.
Спотот е изработен во анимирана техника. На него работеше авторскиот тим Ричард Милошевски и Киро Шопов.

MTV премиерата на новиот спот на Суперхикс е вечерва во 20:00!