Престојното 19-то Светско Првенство во фудбал ќе помине без неколку супер ѕвезди. Селекторите на  репрезентациите се одлучија да ги повикаат спремните и најдобрите фудбалери во походот кон највредната титула во светот на фудбалот.

Селекторот на петкратниот освојувач  Бразил, Дунга од составот ги изостави најдобриот стрелец во историјата на светските првенства Роналдо, виртуозот со топката Роналдињо, а во поширокиот список ги нема Адријано и Пато.


Составот на Бразил кој ќе патува во Јужна Африка:

Голмани:
Жулио Цезар, Хеурелио Гомеш, Александре Дони
Одбрана: Маикон, Даниел Алвеш, Џилберто, Мајкл Бастос, Лусио, Хуан, Луизао, Тиаго Силва
Среден Ред: Џилберто Силва, Филипе Мело, Кака, Жулио Баптиста, Жосуе, Клеберсон, Елано, Рамирес
Напад: Робињу, Луис Фабиано, Нилмар, Графите

Селекторот на францускта репрезентација Рајмнод Доменеш не го повика шпицот на “лос бланкос“ 30-милиони вредниот Карим Бензема, потоа играчите за врска Самир Насри и Патрик Виера.


Поширокиот список на репрезентацијата на Франција:

Голмани:
Хуго Лорис, Стивен Мандана, Кедрик Карасо, Михаел Ландро
Одбрана: Род Фани, Патрис Евра, Ерик Абидал, Вилиам Галас, Себастијан Скилачи, Бакари Сагња, Ентони Ревеље, Марк Планус, Гаел Клиши.
Среден Ред: Алоу Диара, Ласс Диара, Џереми Тулалан, Френк Рибери, Јоан Гуркуф, Флорент Малуда, Јан Мвила, Абу Диаби.
Напад: Тиери Анри, Николас Ањелка, Џибрил Сисе, Сидни Гову, Хатем Бен Арфа, Метју Валбуена, Џими Бријанд, Андре пјер Жињак.

“Лалињата“ во Јужна Африка ќе атакуваат на трофејот без машината за голови Руд Ван Нистерлој.
Реков дека ќе му дадам шанса на Ван Нистерлој, но уште не е спремен да настапи на Светското првенство поради повредата на коленото – изјави Берт ван Марвик


Поширокиот список на репрезентацијата на Холандија:

Голмани:
Мартен Стекеленбург, Сандер Бошчек, Мичел Ворм
Одбрана: Вурнон Анита, Калид Буларуж, Едсон Брафхеид, Џовани ван Бронхорст, Џон Хеитинга, Јорис Матијсен, Андре Ојер, Рон Влаар, Грегори ван дер Веил
Среден Ред: Ибрахим Афелај, Отман Бакал, Марк ван Бомел, Воут Брама, Орландо Енгелар, Најџел де Јонг, Давид Меднеш да Силва, Стијн Штаарс, Весли Снајдер, Рафаел ван дер Варт, Деми де Зеув
Напад: Рајан Бабел, Елјеро Елиа, Клас јан Хунтелар, Дирк Кајт, Џермејн Ленс, Робин ван Перси, Арјен Робен.

Селекторот на гаучосите Диего Армандо Марадона не смета на тандемот од Интер, капитенот на нероазурите Хавиер Занети и вечниот борец Естебан Камбијасо, како и најдобриот фудбалер во француското првенство Лисандро Лопез.


Поширокиот список на Аргентина:
Голмани:  Маријано Андухар, Серџио Ромеро, Диего Поѕо
Одбрана: Николас Бурдисо, Мартин Демикелис, Хуан Мануел, Габриел Хајнце, Николас Отаменди, Клементе Родригез, Валтер Самуел, Ариел Герче, Фабрицио Колочини.
Среден Ред:  Марио Болати, Себастијан Бланко, Жесус Датоло, Анхел де Мариа, Јонас Гутиерез, Хавиер Маскерано, Хавиер Пасторе, Хуан Себастијан Верон, Хуан Мерсиер, Макси Родригез, Хозе Ернесто Соса.
Напад:  Лионел Меси, Мартин Палермо, Гонзало Игуаин, Серџио Агуеро, Езекјуел Лавеци, Карлос Тевез, Диего Милито.

Фабио Капело, селекторот на Гордиот Албион  имаше слатки маки за да го одбере најдобриот состав.


Поширокиот состав на Англија:

Голмани:
  Џо Харт, Дејвид Џејмс, Роберт Грин.
Одбрана: Лејтон Бејнс, Џејми Карагер, Мајкл Доусон, Рио Фердинанд, Глен Џонсон, Ледли Кинг, Ешли Кол, Џон Тери, Метју Апсон, Стивен Ворнок,
Среден Ред: Герет Бери, Мајкл Карик, Џо Кол, Стивен Џерард, Том Хадлстоун, Адам Џонсон, Френк Лампард, Арон Ленон, Џејмс Милнер, Скот Паркер, Тио Волкот, Шон Рајт Филипс,
Напад: Дарен Бент, Питер Крауч, Џермејн Дефо, Емил Хески, Вејн Руни.

Во листата на актуелниот Светски првак Италија, селекторот на азурите Марчело Липи  нема да  смета на четири од шестте напаѓачи кои му ја донесоа титулата во Германија. На списокот на Липи ги нема Алесанадро Дел Пиеро, Франческо Тоти, Лука Тони и Филипо Инзаги . Немаше место ниту за контраверзните Антонио Касано и Марио Балотели.


Поширокиот состав на Азурите:

Голмани
: Џиџи Буфон, Морган де Сантис, Федерико Маркети, Салваторе Сиригу
Одбрана: Фабио Канаваро, Фабио Гросо, Џорџо Киелини, Џанлука Замброта, Доменико Кришчито, Кристијано Маџо, Салваторе Боркети, Матија Касани, Леонарди Бонучи
Среден Ред: Џенаро Гатузо, Андреа Пирло, Мауро Камонарези, Даниеле Де Роси, Ангело Паломбо, Симоне Пепе, Рикардко Монтоливо, Клаудио Маркисо, Антонио Кандрева, Андреа Косу
Напад: Алберто Џилардино, Виченцо Јакинта, Антониот Ди Натале, Фабио Кваљарела, Џузепе Роси, Марко Бориело, Џампало Пацини.

Мх.П.