Во имињата на Прилеп, Тинекс Пролет и Вардар 2 охридските ракометари ги добија противниците за 1/4 финалето во Купот на Македонија.


Охриѓани во првата рунда од четвртфиналниот турнир ќе се сретнат со Тинекс Пролет, ако ги минат „пролетерите“ во мечот за полуфинале во Купот ќе се сретнат со подобриот од вториот дуел меѓу Прилеп – Вардар 2.

Четвртфиналниот турнир се игра на 16 и 17 април, а домаќин ќе биде ракометниот клуб Охрид.

Ждребка:

Група 1: Макс Струмица, Вардар Јуниор, Пелистер, Младост Богданци

Група 2: Вардар, Работнички, Металург 2, Македонија ЃП

Група 3: Охрид, Прилеп, Тинекс Пролет, Вардар 2

Група 4: Металург, Радовиш, Борец, Работник

Мх.П.