Тилен Стрмлјан е новото засилување за ГРК Охрид од сезона 2025/2026! Тилен ќе биде “гладијатор” миниум 2 години, соопшти клубот.
Средниот бек на Словенија е моментално на првото место со неговата екипа Хановер Бургдорф во најдобрата лига на светот – Бундес лигата.
За Охрид се одлучив затоа што слушнав многу добри зборови и за клубот и за навивачите овде и едвај чекам се да почне. Ќе биде многу тешка лига, голем број тешки натпревари, ќе направиме се за да добиеме што повеќе бодови и на крај ќе видиме до каде ќе стигнеме. Слушнав многу добри зборови за Охрид, за навивачите овде, сакам само да не поддржат во што поголем број, изјави Тилен.
Освен добрите настапи во ЕХФ Европската лига со екипата на Хановер, 29 годишниот Тилен имаше и одлични настапи во Лигата на шампионите со екипата на Целје. Пред тоа настапуваше и за екипата на Рико Рибница од Словенија. Има преку 30 настапи за репрезентацијата на Словенија во младинските и сениорските натпреварувања.
Претходно, викендот, ГРК Охрид го официјализираше и доаѓањето на Предраг Вејин кој се очекува да биде големо засилување за гладијаторите од сезона 2025/2026.
ГРК Охрид потпиша договор со десниот бек во траење од 2 години. Вејин (32 години, 199 цм) има преку 30 официјални настапи за репрезентацијата на Србија. Има богата кариера зад себе, настапи во Лигата на шампиони и ЕХФ кевропските упови. Доаѓа од тимот на Олимпијакос (Грција), а пред тоа го носеше дресот на Нексе Нашице (Хрватска), Висла Плоцк (Полска), Рамат Хашарон (Израел), Металург (Македонија), Адемар Леон (Шпанија), Данкерк (Франција) и Металопластика (Србија).
Г.М.