Репрезентативниот голман на Македонија, Борко Ристовски обезбеди супер трансфер во тимот на Рајн Некар Левен кој се натпреварува во Бундес лигата и Лигата на Шампиони.
Ристовски со трансферот во лидерот во најсилната лига во светот направи голем чекор во својата богата кариера.
Тој од сегашниот клуб Кретеј ќе се прости по мечот со Сесон, а потоа и ќе го официјализира преселувањето во Германија.
За искусниот чувар на мрежата ова нема да биде прво искуство во Бундес лигата откако пред две сезони го бранеше голот на Гумерсбах.
Ohridnews