Македонската ватерполо репрезентација немаше среќа во ждрепката од групите за континеталниот собир во Хрватска. “Црвено – жолтите“ кои го бележат третиот настап на големо натпреварување во низа, по ЕП во Малага, Шпанија и СП во Рим, Италија се најдоа во исклучително тешка група.
Во Б групата Македонија ќе игра против актуелниот светски првак Србија, најтрофејната нација во овој спорт, Унгарија, потоа Грција, како и незгодните селекции на Русија и Германија.
Во А групата ќе играат европскиот првак Црна Гора, потоа домаќинот Хрватска, светскиот вицепрвак Шпанија, Италија, Романија и аутсајдерот Турција.
Само првопласиранта репрезентација од секоја група ќе обезбеди пласман во полуфиналето, додека второ и третопласираните селекции меѓусебе ќе разигруваат за преостанатите две места.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com