Охридското Супер Радио денеска го прославува 15-от роденден. За деценија и пол, Супер Радио израсна во препознатлив бренд во охридскиот етер, но и пошироко. Приказната започна во 1992 година.
Сосема скромно и без големи претензии на своите почетоци,Супер Радио успеа да ги прележи сите детски медиумски болести со кои се сретнуваа сите медиуми кои ја започнаа својата приказна некаде на почетокот на 90-тите години со самото осамостојување на Република Македонија. Со огромното искуство стекнато низ годините, константното техничко и кадровско усовршување и унапредување успеа да се избори,да ја заслужи и да ја задржи довербата на слушателите и да прерасне во еден респектабилен медиум кој секојдневно се обидува да ја претстави реалната слика за случувањата во Охрид до своите слушатели, велат од Супер радио.
Супер Радио во моментов програмата ја емитува преку најсовремена предавателна техника на фреквенција од 97.00 Мхз на ФМ скалата ,а веќе 8 години програмата се следи во живо и на интернет на адресата http://www.superradio.com.mk/
еден од заштитните знаци во студиото на Супер радио
Својот 15-ти роденден Супер Радио го дочекува со врвна екипа од преку дваесет презентери, Дј-и, новинари, спикери и надворешни соработници кои остваруваат 24 часовна програма. Програмата е прилагодена кон идеалната публика на Супер Радио а, големо внимание се посветува и на информативниот дел од програмата. До слушателите се испорачуваат кратки локални вести во 07.00 , 10.00 , 12.00 , 14.00 и 15.15 како и централниот информативен блок во 16 часот и 16 минути во кој доминираат информации од локален карактер.
Ди-џеј Бруце е ON AIR секој понеделник
Она што можеме да го ветиме за во иднина е секако дека ќе се трудиме како впрочем и досега,Супер Радио да ги следи сите новитети од технички,кадровски и организационен аспект.Опремата на која се создава програмата е врвна, условите за работа – одлични.Но сепак опремата,условите или било што од материјален аспект не е она што Супер Радио е навистина. Супер Радио успеа да го изгради својот препознатлив идентитет преку трудот и визијата на оние стотина млади луѓе кои изминативе 15 години напишаа по некоја страница од нашата приказна.Супер Радио се сите Тие, а особено овие 20-тина млади луѓе кои се сега во радиото и секојдневно создаваат динамична и атрактивна 24 часовна програма.Тие се она вистинското Супер Радио и јас сум особено горд на тој факт, вели Сашо Митаноски, главен и одговорен уредник на Супер радио.
Нашите планови се навистина ГОЛЕМИ и се надеваме дека во блиска иднина ќе можеме да понудиме уште една вистински потребна и голема свежина во охридскиот етер, додава Митаноски.
Среќен роденден Супер Радио и за стотка да не викате !
ohridnews