Фудбалерите на Челси со пресврт во финишот од дерби натпреварот го совладаа Арсенал со 2-1 (0-1) на Емирати и со победа ја завршија 2019 година. Со триумфот на „Емирати“, „синтие“ ја задржаа предноста од четири бодови во однос на петтопласираниот Манчестер Јунајтед.
„Топчиите“ тргнаа решително и без калкулации и до погодок стигнаа по само 13 минути игра. Голгетерот на Арсенал, Пјер Америк Обамејанг беше на вистинско место после ударот со глава на Чемберс и ја затресе мрежата на ривалот.
Тој резултат активен беше до 83-та минута. Жоржињо со две раце го прифати поклонот од голманот на Арсенал Лено и изедначи на 1-1. Нов шок на Емирати следуваше во 87-та минута, кога Тами Абрахам во казнетиот простор прво добро се ослободи од Мустафи и потоа ја затресе мрежата за водство 2-1.
До крајот резултатот не се промени и Челси дополнително го загорчи животот на Арсенал во Премиер лигата.
OhridNews