Супер пилула која во себе содржи лекови против висок притисок, холестерол и аспирин би можела за половина да ги намали кардиоваскуларните ризици кај здравите луѓе, и да ја промени превенцијата и лечењето кај кардиоваскуларните болести. Изумителите, членови на истражувачкиот институт при универзитетот во Онтарио сметаат дека популарно наречената Полипил може да ги смали срцевите заболувања за 60%, а мозочните удари за 50%.
Овој изум е претставен на 58-та годишна конференција на американскиот колеџ за кардиологија, која се одржува од минатиот понеделник во Орландо. Истакнато дека самата идеја, луѓето да се напијат само една од овие пилули, со која би ги смалиле ризиците од срцеви заболувања, предизвикала вистинско воодушевување кај присутните.